Министерката Ангеловска летува во истиот крај каде што е на одмор и Заев

од Берта Китинска
382 прегледи

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија со лидерот на СДСМ Зоран Заев, од преспанското село Брајчино.

„На 230км од Скопје, во подножјето на Баба планина е лоцирано најдалечното село од Скопје – прекрасното Брајчино.Не само поради тоа што многу лета како дете ги поминував тука во родното место дедо ми и баба ми -пионер во селски туризам од 80тите, или поради тоа што тука го открив вкусот на шумските јагоди, учев да месам зелник, да нижам пиперки, да правам слатко, домашен ликер, туку поради тоа што навистина има што да понуди буквално за секого – Плажите на Преспанското езеро во Претор, Дупени, Крани, Сливница се на неколку километри, љубителите на планина со час-два пешачење може да ја истражуваат недопрената природа и реките низ планините, за 5-6 часа планинарење може да се качите на Големо Пелистерско Езеро на 2218м надморска височина… неколку автентични цркви со посебна душа.За овие убавини кои ги нуди нашата татковина, за големиот потенцијал на селскиот туризам разговаравме со Зоран Заев“, напиша Ангеловска на Фејсбук.

Слични содржини