Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм и изрази благодарност за грижата за пациентите од Кочани

од Љубиша Владимиров
45 прегледи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја посети универзитетската болница „Каролинска“ во Стокхолм, каде што се лекуваат четворица пациенти повредени во пожарот во Кочани. По посетата, Муцунски се сретна со раководството на болницата, кое го запозна со нејзините капацитети и ресурси. Болницата е една од најпознатите во светот, рангирана како пета најдобра во 2025 година.

Министерот изрази благодарност до медицинскиот персонал за нивната стручност и професионализам. Во разговорите беше отворена можноста за соработка помеѓу македонските и шведските здравствени институции, со фокус на размена на искуства и експертиза. Муцунски најави дека ќе се работи на развој на конкретна соработка во иднина.

Слични содржини