Министерството за култура прави напори да ги исплати проектите од 2020

од Andreja Salpe

Владата го задолжи Министерството за култура да не ги исплаќа финансиските средства на други корисници без да ја утврди законската основаност.

Министерството прави напори да ги исплати парите на корисниците кои ги реализирале проектите за 2020 година, од програмите за музичка и сценско-уметничка дејност, како и за фолклорна, сценско-уметничко дејност и мултидисциплинарни дејности.

„Свесни сме од Министерството дека ваквото пролонгирање предизвикува последици кај корисниците.Министерството за култура сè уште го чека исходот од истрагата која финансиската полиција ја спроведува за поддршката на избраните проекти од Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2020 година“, се наведува во соопштението.

Од Министерството за култура порачуваат дека во овој период ги преземаат сите неопходни чекори за надминување на настанатата состојба и на Владата ќе и достават предлог за разрешување на ваквата, како што велат, несакана ситуација.

Слични содржини