Мис Универзум мјаукаше пред целиот свет! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во израелското летувалиште Еилат, на 70. светски натпревар за најубава жена, избрана е новата Мис Универзум за 2021 година. Тоа е Индијката Харназ Санду (21), која беше главна фаворитка во обложувалниците.

Лентата на првата придружничка и припадна на Мис Парагвај Наџи Фереира, додека втората придружничка и припадна на Мис Јужна Африка, Лалеј Мсване. Се натпреваруваа вкупно 80 убавици. Харназ се претстави како поборник за зајакнување на положбата на жената во светот.

Работи како актерка, инспирирана е од Пријанка Чопра, а во слободно време се занимава со јога, танцување, готвење, играње шах и јавање.

Комичарот Стив Харви беше домаќин на натпреварот, а во еден момент ѝ рече на Харназ дека слушнал дека може да имитира животни и побара да ја слушне нејзината најдобра имитација. Тој подоцна беше критикуван од јавноста за несоодветното прашање.

Санду не очекувала да имитира животни на сцена, но сепак демонстрирала мјаукање.

Фото: Profimedia

Слични содржини