Мишел: ЕУ веќе има договор со Киев за пристапување на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија веќе има договор за пристапување на Украина во европскиот блок, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, запрашан да ги коментира пораките од Будимпешта за потпишување на „стратешко партнерство“ со Киев, пред Украина да ги започне пристапните преговори.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на прв чекор кон „стратешко партнерство“ во период од пет до 10 години, наместо да ѝ се дозволи на Украина веднаш да се придвижи кон потенцијално членство во Европската унија.

Неговите коментари дојдоа пред самитот на европските лидери закажан за 14 и 15 декември, каде 27-те земји членки јавно ќе се изјаснат за почетокот на преговорите со Украина, кога таа ќе ги исполни сите услови, наведува „Ројтерс“.

Слични содржини