Мишел повика на итно ослободување на Навални

од Vladimir Zorba

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел повика денес на итно ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални откако беше приведен по враќањето од Германија во Русија.

„Апсењето на Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо“, рече Мишел.

Тој ги повика руските власти веднаш да го ослободат Навални.

Рускиот опозициски лидер беше приведен вечерва на московскиот аеродром Шереметјево на пасошка контрола по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше за наводно труење, објавија од Федералната казнено-поправна служба и неговиот адвокат, а исто така потврдија и очевидци.

Навални беше приведен кога го покажа својот пасош на полицијата за време на контролата пред официјалното влегување во Русија.

На неговата сопруга Јулија, неговиот портпарол и адвокат им беше дозволено да влезат во Русија.

Слични содржини