Истражувачите на дното од Балтичкото море, недалеку од Шведска, пронашле брод стар 500 години и тоа во многу добра состојба.

Велат дека бродот изгледа “како да потонал вчера“, а всушност датира од доцниот 15-ти односно 16-ти век.
Претпоставиле дека јарболите се на место, а материјалот на бродот недопрен поради ладната, малку солена и “негостопримлива“ вода на Балтикот.
Прецизното потекло на бродот уште не е познато. Во времето од кое најверојатно потекнува овој брод не било популарно давањето на имиња на бродовите и затоа бил означен како “Непознат брод“, на шведски јазик „Okänt Skepp“.
Бродот е долг околу 18 метри, еден метар помалку од Колумбовскиот брод „Санта Марија“.
Okänt Skepp е од големо историско значење затоа што е постар и позачуван од другите потонати бродови во Балтичнкото море. Бродот е изграден во времето на Кристофер Колумбо и Леонардо да Винчи.
A pristine Renaissance shipwreck, practically frozen in time, discovered beneath the Baltic Sea by @sotonarch researchers 🌊
Learn more about this astonishingly rare find: https://t.co/HSWuCuITEL
🎥: Deep Sea Productions/MMT pic.twitter.com/TuOJ7fOgC7
— University of Southampton (@unisouthampton) July 22, 2019
Научниците од ММТ, заедно со археолозите од Универзитетот Јужен Хемптон од Велика Британија со продукцијата „Deep Sea“ направиле 3D модел од пронајдениот брод.
Бродот први го открила поморската управа во 2009-та година кога сонарно го скенирале морето. Меѓутоа, целосното значење на овој брод случајно е откриено една деценија подоцна.
Научниците детално го истражувале овој брод, а археологот Пачеко Руиз бродот го опишал како “најстар брод на Балтикот“. Најавил дека претходно не е најден брод со јарболи и сидро во тоа подрачје.
Најголемото прашање е како бродот воопшто завшил на дното затоа што нема штета која би можела да го предизвика да потоне. Секако дека, истрагата која следи ќе донесе нови детали.