Мистериозни „столбови на светлина“ снимени на небото: Глетката е застрашувачка

од Milan1

„Излегов од куќата и видов неверојатна работа“, изјави Хинт Пот за локалните медиуми. Жителите на мало рибарско село во Јапонија беа сведоци на необичен спектакл, а фотографиите ги преплавија мрежите и предизвикаа различни реакции.

Ова се случило на 11 мај над Дејзен во префектурата Тотори, при што луѓето забележале „столбови на светлина“.

И додека корисниците на социјалните мрежи шпекулираа за каков феномен се работи, експертите се огласија. Тие веруваат дека тоа е најобичен одраз на светлата на рибарските чамци на море.

Ова се случува кога светлината се прекршува од облаците и се снима еднаш на неколку години. Феноменот има свое име – Исариби Кочу.

Слични содржини