Митева: Петков сака да ја „пушти“ С. Македонија да преговара со ЕУ

од Nikola Popovski

Нашата позиција за Северна Македонија не е изненадување. Нема да се пазариме со нашата совест, со бугарските граѓани и со нивните права, изјавила потпретседателката на бугарското Народното собрание Ива Митева од партијата „Има таков народ“.

Во врска со барањето на бугарскиот премиер Кирил Петков за свикување на Совет за национална безбедност во однос на спорот со Македонија, Митева потсетила дека на Советот во јануари сите партии се обединија околу заедничкиот став на Бугарија во седум точки, но според неа, ниту една од нив се уште не е спроведена.

-Рековме дека тоа е нашата црвена линија и така ќе биде до крај, вели Митева.

Според неа, зборовите на Петков сугерираат дека „треба да ја пуштиме С. Македонија да преговара со ЕУ“.

-Знаете дека ќе ја одобриме рамката за преговори, ќе ги отвораме конкретните поглавја, но кога целосно ќе ги спроведеме договорите и усвоените документи. Кога ситуацијата не е променета, кога условите не се сменети и ништо не е завршено, ние нема шанси да ја смениме нашата позиција, категорична е Митева.

 

Слични содржини