Очекувам дека ќе се зголеми парламентарното мнозинство, дел од опозициските пратеници ги препознаваат овие деструкции, истакна пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, во емисијата „Отворено“ на телевизија 24.
Тој нагласи дека парламентот е блокиран од опозицијата, Законот за државјанство поднесен од Алијансата на Албанците и Алтернатива е блокиран со амандмани на ВМРО ДПМНЕ и Левица.
Нема ниту еден амандман од мнозинството на овој предлог закон, но, ние ги кажавме нашите забелешки, и според меѓународните конвенции и според експертите, не знам дали можеме со ваков закон да го решиме статусот на некои граѓани, рече Митрески, нагласувајќи дека СДСМ сака решение за овие луѓе, но не на ваков начин.
„Не гледам причина условно македонската опозиција кога блокира закон на условно албанската опозиција дека треба да биде блокирано собранието. Затоа, според мене има два логични заклучока, или се договорени да биде блокирано собранието или албанската опозиција наседнала на провокацијата на ВМРО и Левица и влегле во блокада за да не бидат единствени блокатори на собранието“, оцени Митрески.