Митрески: Опозицијата блокира се што е во интерес на граѓаните, но нема да ги спречи напредокот

од Берта Китинска
167 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ вчера се дрзна повторно да блокира важни закони за граѓаните, а еден од нив беше и законското решение со кое глобите за инвалидските организации се намалуваат, а истовремено се воведува и опомена пред казна. Цел ден зборуваа буквално за се, освен за Законот, освен за тоа дека казните ќе се намалат и ќе се вовоеде опомена пред казна, вели Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

Тој рече дека слично вака се однесувале и за носење на Буџетот за 2021 година.

-Опозицијата беше спремна да го загрози исплаќањето на субвенции за земјоделците, исплатата на детскиот и образовен додаток, зголемувањето на платите за лекарите, исплатата на месечниот надоместок за стечајните работници. Сето ова беше под закана од страна на неодговорната опозиција.

И наместо да ја научат лекцијата, вчера опозициските пратеници продолжија со блокади и деструкции. И не само што не се засрамија, туку и јавно се фалат со нивните блокади на важни закони.

Тоа не само што е неодговорно, туку е и навредливо кон граѓаните чии претставници сме.Опозицијата во Собранието продолжува да работи против интересите на сопствената држава и сопствените граѓани, изјави Митрески.

Слични содржини