Митрески: Пратениците со дозвола од инфектолог се дојдени во Собранието

од Vladimir Zorba

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески денеска во собранието соопшти дека заразените пратеници со посебни возила се пристигнати во Собранието, со претходен преглед и со дозвола од инфектолог и во посебни простории ќе гласаат.

– Ќе има посебен пат по кој ќе влезат и посебни кабини каде ќе бидат за време на седницата, кои потоа ќе бидат дезинфицирани, рече Митрески, непосредно пред закажаниот почеток на седницата.

Слични содржини