Митрески: Тоа што го најавува Бугарија не e ниту во духот на добрососедските односи, ниту е во склоп со европските вредности

од Nikola Popovski

На новинарско прашање, што доколку се случат најавите на Бугарија за вето на преговорите со ЕУ, координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески изјави дека ние сме кандидати за членство во ЕУ и заслужуваме преговори, сепак, доколку се случи она што го најавува Република Бугарија не e ниту во духот на добрососедските односи ниту е во склоп со европските вредности.

„За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту ќе има преговори. Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите. Нашиот пат е европскиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано“, потенцира Митрески.

Слични содржини