Митрески: ВМРО-ДПМНЕ ги лаже помалите партии, тие блокираа една изборна единица

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни во нивните ставови и ги лажат и помалите политички партии, ги лажат и граѓаните. Прво, зборуваа и за намалување на бројот на пратеници, а сите знаеме дека до пред три години имавме дополнително уште три пратеници од дијаспората со што нивниот став се докажува дека е лажен и лицемерен, дополнително кога зборуваме за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90 сите знаеме и тие знаат дека за тоа треба да има уставни измени односно во Уставот е регулирано дека бројот на пратениците може да биде од 120 до 140 пратеници, вели Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој дополнува дека во овие турбулентни времиња со отварањето на Уставот би се направила дополнителна штета.

-Третата работа за којашто исто така сакам да зборувал и сум кажал досега веќе неколку пати, прво предлогот за една изборна единица знаете дека е предлог уште од 2016 година и лицемерието и лажењето од ВМРО-ДПМНЕ што сите знаат, граѓаните знаат дека тогаш тој предлог беше блокиран со илјадници амандмани, а тоа беше пред изборите во 2020 година некаде февруари месец кога ВМРО-ДПМНЕ предлогот за една изборна единица отворен пуштен во процедура за којшто исто така требаше да се разговара го блокираа со илјадници амандмани за да не дојде воопшто до разговор на таа тема. Третата работа или четвртата којашто ја спомнуваат е укинувањето на техничката Влада или на пржинската Влада и кажавме и претходно и стоиме на тоа и денес за сите овие прашања дека треба да се обезбеди консензус, а ВМРО-ДПМНЕ таков консензус нема обезбедено досега ниту со нивниот коалиционен партнер Алијанса за албанците, вели Митрески.

Тој напомена дека ставот на партијата е јасен и дека за сите овие прашања треба да разговара да се отвори дијалог, да се отвори начин за да обезбеди консензус.

Митрески посочи дека и за една изборна единица потребно е да се разговара за да се усогласат модалитетите бидејќи има различни ставови околу ова прашање.

-Ние и тогаш кажавме дека сме за една изборна единица и дека треба да разговараме со сите модалитети на таа една изборна единица, прво гледат дека и денес има различни ставови, едни зборуваат за една изборна единица со праг, други без праг, може да се отвори прашањето за колкав да биде тој праг дали 2%, 2.5%, дали од запишаните дали од излезените гласачи се отвара прашањето за помалите етнички заедници односно за загарантираните места за помалите еднички заедници, затоа викам дека тој е сложен процес за којшто треба да обезбедиме консензус од сите, на крајот најдобро ќе биде за сите ако направиме нешто што значи поголема демократизација на македонското општество, вели тој.

Слични содржини