Мицевски: Блокиравме вкупно 9 закони, 3 од нив се со европско знаменце

од Nikola Popovski
236 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ блокира вкупно 9 закони од 273 закони во собраниска процедура или 3 проценти, вклучително и деловникот на Џафери за онлајн работа на Собранието“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за емисијата „24 анализа“.

Според него, блокирани се пет закони кои се однесуваат на пензионирањето со 64 години.

„Тие се блокирани, зошто наместо да дојдат од владата со длабока суштинска анализа, дојдени се од страна на пратеници, без да имаме увид во последиците од донесувањето, од резултатите и став на пратеничката група е дека не може да помине без учество на сите пратеници и во дискусии“, вели Мицевски.

Тој дополни дека блокирани се уште три закони со европско знаменце.

Слични содржини