Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Армија на Северна Македонија

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Армија на Северна Македонија

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за „Слободен печат“, вели дека иако немаат забелешки на текстот за Законот за одбрана, нема да гласаат, затоа што во него пишувало Армија на Република Северна Македонија.

– Ние баравме во ова законско решение да не биде променето името на АРМ во Армија на РСМ. Следејќи го континуитетот за она што го зборувавме за уставните измени, слушајќи го гласот на народот од референдумот и на припадниците на АРМ, ова политичко решение на СДСМ е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ – вели Мицевски.

Од друга страна, собраниски извори за „Слободен печат“ велат дека ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на предвремените парламентарни избори продолжува да манифестира двојни аршини. Додаваат дека опозицијата ја користи секоја ситуација за да ќари некој глас повеќе, па дури и за НАТО иднината. Прашуваат, зошто на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, не им пречи да земаат плата од Собрание на Република Северна Македонија, а им пречат измените во Законот за одбрана кои се однесуваат на усогласување со НАТО стандардите каде пишува Армија на Република Северна Македонија.

loading...