Мицкоски и Милошоски бараат Заев, Димитров и Османи да се појават во Собрание и да објаснат за разговорите со Бугарија

од Nikola Popovski
392 прегледи

Христијан Мицкоски и Антонио Милошовски ги повикаа Заев, Димитров и Османи да се појават во Собранието и да објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија.

„Ги повикуваме Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ. Гледаме дека тоа не е вистина и сметаме дека таа вистина Заев, Димитров и Бујар Османи им ја должат на граѓаните, на Собранието и на јавноста“, објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Истите тројца, изјави Милошоски, беа промотори на референдумот на кој што ветуваа дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, но, како што рече Милошоски, далеку сме од таквата ситуација.

„Затоа повикуваме до институциите особено до Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ. Гледаме дека тоа не е вистина и сметаме дека таа вистина Заев, Димитров и Бујар Османи им ја должат на граѓаните, на Собранието и на јавноста“, рече Милошоски.

Слични содржини