Мицкоски: Ќе имаме интересна македонска пролет

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Јади Бурек“ имал телефонско јавување, во кое што посочил дека ќе биде интересна оваа македонска пролет, треба внимателно да се следи и ќе се увидат резултатите на тоа што ќе се случува во периодот кој следи.

„Јас очекував дека тоа што се случи дека ќе се случи, големо е незадоволството кај граѓаните, сето ова ескалира, за тоа вчера масовно луѓето излегоа за да пред се дадат поддршка на лицата кои што се неправедно осудени за дело кое што не го направиле, а тоа е тероризмот“, потенцира Мицкоски.

Мицкоски во текот на своето вклучување порачла дека спикерот Џафери има задача да обезбеди храмонични услови во Парламентот, а не да се однесува дивјачки и да ја цензурира опозицијата.

„Спикерот има задача да обезбеди хармонични услови во рамките на Парламентот за работа односно да најде баланс помеѓу различни пратенички групи, а не да се однесува дивјачки и да практично забранува и ја цензурира опозицијата во 21 век во земја во која што е кандидат за ЕУ. Уште еднаш ја користам оваа прилика да го предупредам да не си игра со оган, да не му пукне петардата во рака, па потоа да се изгори, па потоа последиците да бидат многу големи“, додал тој.

Слични содржини