Мицкоски: Ќе прифатиме Закон за Јавно обвинителство ако го предложат експерти и професори

од Aleksandar Todeski

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција кажа дека за него не е прифатлив текстот на предлог-законот за Јавно обвинителство кој го предлага Министерството за правда. Според него, текстот на предлог законот треба да го подготват професори и експерти од правната фела, а не политичарите, додавајќи дека сето она што ќе го договорат таквите тела ќе биде прифатено од партијата која што ја предводи.

Фото: Борче Поповски

„Единствен којшто може тој закон да го направи е експертот кој го посветил сиот свој живот во таа проблематика. И затоа велиме, овие шест имиња се имиња на професори, оставаме и владејачкото мнозинство да предложи имиња на професори и експерти коишто би учествувале во изработка на тој закон. Нека го изработат и ние се обврзуваме како политичка партија, тоа што ќе го изработат да го поддржиме“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари, како што е најавено, доколку тоа не го направи владејачкото мнозинство.

„Ние ќе поднесеме предлог доколку видиме дека владејачктото мнозинство не поднесува. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и тогаш ќе знае македонската јавност дали, како, кој бега од избори и зошто бега од тие избори“, изјави Мицкоски, додавајќи дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува по секоја цена да ги одложи изборите.

 

Слични содржини