Една недела пред формирањето на техничка влада, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе одржи средби со премиерот и лидер на владејачките СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.
Тој прво ќе одржи средба со Ахмети во Собранието, а потоа ќе се сретне со Заев во Владата.
Заев синоќа, по Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, каде за технички премиер беше избран досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а за вицепремиерка, на местото на Кочо Анѓушев, Мила Царовска, истакна дека тој на денешната средба со Мицкоски ќе го отвори прашањето и измени на Изборниот законик со воведување на една изборна единица, доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сака за тоа да разоговара.
Инаку Мицкоски на средбите со Заев и Ахмети ќе има консултација за техничката влада. Премиерот Зоран Заев рече дека тој има принципи и дека нема да прифати било кој да застане на чело на МВР сто дена пред избори.
Согласно законот, опозицијата мора да дојде на консултација за предлогот за министер за внатрешни работи и тој да биде прифатен од власта.