Ова е нивната црвена линија во преговорите за иднината на СЈО, пред која и Грците можат да се прекрстат!

Епа, ако ова не е амнестија, тогаш не знам што е?! Или што би рекол народот, „не по врат, по шија“!

За потсетување на Мицкоски, и премиерот Зоран Заев не го споменуваше зборот амнестија, кога ги повика пратениците вратари од „27 април“ да се помират, порачувајќи дека тој е спремен да им прости. Сите кои ваквото подавање на рака го протолкуваа како амнестија, беа искарани од Владата дека не треба да читаат меѓу редови, туку само онака како што е напишано, помирување и простување!

Играта со зборови заврши кога беше донесен законот за селективна амнестија. Јасно како бел ден беше дека јавноста убаво читала, а власта манипулирала, како што сега манипулира Мицкоски!

Не е на одмет да се спомене дека новокомпонираниот лидер на опозицијата тогаш понудената амнестија, упс, подадената рака,  ја нарече трговија со правото и правдината, што е и вистинскиот опис, но е лицемерно кога сега тој го прави истиот пазар, во улога на главен трговец.

Од поднесените проширени и надградени 65 амандмани, она што накратко ВМРО-ДПМНЕ го бара е СЈО да продолжи да постои, и тоа зауздано, но и под услов да ги запре истрагите против нивните довчерашни функционери, и отсега натаму да расчистува исклучиво со криминалите од минатото на СДСМ, но и на сегашната влада.

Како ли само им текна, а таман ја подзаборавивме онаа старата „Бранко е крив“!

Кога Мицкоски условува СЈО да се занимава со духовите од минатото, мислејќи најверојатно на приватизацијата од 90-години, не може а да не се праша, зошто неговото ВМРО-ДПМНЕ не расчистило со овој криминал? На располагање имаа временски период од една деценија, а обвинителството беше во нивни раце. Зошто сега бара да се гони Црвенковски и неговата дружина, кога овие дела веќе оддамна се застарени?! Или се се прави, колку и да е небулозно, само за да се тргне погледот од неговиот ментор Груевски! ….

Фокус      целата колумна  тука