Мицкоски по средбата со Меркел: ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати овој договор

од desk2
98 прегледи

Во рамките на посетата на Република Македонија германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Средбата помина во исклучително пријателска атмосфера, помеѓу две сестрински партии кои што се дел од Европската Народна Партија, објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.

„Разговаравме околу актуелната политичка ситуација во државата, се разбира главен акцент беше ставен на актуелностите, односно на претстојниот референдум кој што ќе се случи на 30 септември.

 

На самата средба ги истакнав оние позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во изминатиот период, зошто ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати овој договор, зошто ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со содржината на овој договор.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2216839248546301/