Мицкоски: Подготвен сум да го прифатам сиот гнев од власта само да го зачуваме идентитетот

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за Сител, за дополнителните 12 барања од Бугарија изјави дека уште во октомври месец тој кажал дека има дополнителни барања и дека тие барања се формулирани како нон пејпер, патоказ и дека по оваа изјава тој бил  прогласен дека шири лажни вести

-Нека го истурат сиот гнев и Заев, и Османи, Димитров кон мене јас сум подготвен да го прифатам само да го зачуваме јазикот и идентитетот. Еве јас сум тој кој што е виновен за се во оваа држава, не е проблем ќе го прифатам сето тоа, само жалам тоа што го зборувам е вистина, изјави Мицкоски.

Слични содржини