Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, а сега делат ваучери од 150 евра поткуп кој не може да го исплатат. Добиваме сѐ позагрижувачки податоци. Првите два пакети на мерки не му помогнаа на бизнисот. Тие мерки се недоволни. Ненавремено преземени, а сето ова го потврдува и слабата половична и потпросечна искористеност, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски по 66 дена рестриктивни мерки државата има полоша здравствена и економска состојба од таа која ја имавме пред мерките.
„Ова подразбира дека системот не функционира, а владата не ги презема најефикасните методи за заштита на стандардот и здравјето на граѓаните.Денес нема да зборувам за здравствената состојба тоа ќе го препуштам на стручните лица од таа област. Но ќе говорам за економијата каде добиваме се позагрижувачки податоци. Од она што досега можеме да видиме е дека со првите два пакети на мерки не се помогна на бизнисот. Тие мерки се недоволни. Ненавремено преземени, а сето ова го потврдува и слабата половична и потпросечна искористеност“, изајви Мицкоски.