Млад гевгеличанец силувал малолетник, определен му е притвор

од Nikola Popovski

Млад гевгеличанец е обвинет за силување на малолетник, информираат од СВР Струмица.

Според полицијата, гевгелиската полиција поднела кривична пријава против Р.П.(25) од гевгелиско село поради постоење основи на сомнение дека на 04.08.2023 извршил обљуба врз малолетник.

Лицето било лишен од слобода и со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со делото.

Р.П. бил задржан во полициска станица. Определена му е мерка притвор.

Слични содржини