Млада девојка прегазена на улица, пренесена во „Мајка Тереза“

од Nikola Popovski

Млада девојка била прегазена од автомобил во Скопје, информираа од МВР. Немилиот настан се случил во текот на вчерашниот ден.

-На 09.02.2023 во 08.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Натанаил Кучевишки“, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот Х.П.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза, појаснуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини