Млада пациентка ограбена на Клинички додека добивала лекарска помош

од Nikola Popovski

Млада пациентка била ограбена на Клиничкиот центар – Скопје додека добивала лекарска помош, извести МВР.

-На 09.05.2023 во 02.50 часот во СВР Скопје, М.Т.(19) од Злетово пријавила дека околу 01.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека ѝ била пружана лекарска услуга, ѝ биле одземени пари од паричник, што ѝ бил во јакната што ја оставила во близина, информира полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Слични содржини