„Млада русокоса“: Откриено со кого Пике ја изневерил Шакира

од Stefanija Kuzmanovska

Низ светот за брзо се рашири веста за разделбата на една од најпознатите двојки во светот. Познатиот фудбалер Жерар Пике наводно ја изневерил својата долгогодишна сопруга, пејачката Шакира, а сега полека почнуваат да „протекуваат“ и други детали.

Првично на Твитер „циркулираше“ информација дека Пике ја изневерува Шакира со мајката на неговиот соиграч Гави, но не само што тоа не е точно – туку беше споделена погрешна фотографија со нејзиното име. Весникот кој ги лансираше првобитните информации за неверството никогаш не објавил такви озборувања, туку имаат други сознанија.

„Ел Периодико“ пишува дека Пике се состанувал со неименувана млада русокоса (20) која е студентка и хостеса во Барселона, а Шакира тоа го открила бидејќи се повторувало од викенд во викенд.

На Шакира ѝ пречело што Пике што се враќа на ноќните излегувања со помладите соиграчи и постојано доаѓал дома доцна и во алкохолизирана состојба, а потоа почнала да го проверува и дознала дека се гледа со студентка чиј идентитет (се уште) не е објавен во медиумите.

Познатиот пар не се огласи на оваа тема, а засега само се шпекулира дека Пике се иселил од заедничката куќа.

Да потсетиме, Шакира и Пике се заедно од 2010 година, а имаат и две деца – Милан и Саша.

Слични содржини