Млада скопјанка пронајдена мртва во „Сити мол“

од desk2

Министерството за внатрешни работи го објави идентитетот на скопјанката што вчера беше пронајдена мртва во тоалетот во трговскиот центар „Сити мол“. Станува збор за лицето А.М. (30) од Скопје, а прчините за смртта сè уште не се утврдени.

„Вчера околу 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговскиот центар во Скопје во тоалетите на приземјето од објектот било пронајдено починато женско лице. Смртта била констатирана од екипа на итната медицинска помош. Се работи за лицето А.М. (30) од Скопје“, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција за утврдување на причините за смртта.

Слични содржини