Церемонијата на доделување на Греми наградите се одржа во Стејплс-центарот во Лос Анџелес, а музичарите оваа година се бореа за златниот грамофон во повеќе од 80 категории.
Младата музичка ѕвезда Били Ајлиш ги зема наградите во најпрестижните категории и тоа во Песна на годината и Сингл на годината, каде прогласена за најдобра беше „Bad Guy“. Не изостана ниту наградата за Најдобар нов изведувач, како и за Албум на годината и Најдобар поп-албум, за албумот „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“
Новата музичка ѕвезда Лизо победи во категоријата Најдобра соло изведба со песната „Truth Hurts“, Најдобра традиционална Р’н’Б песна за „Jerome“, како и наградата за Најдобар урбан албум за „Cuz I Love You (Deluxe)“. Најдобра поп дуо или бенд изведба е „Old Town Road“ на Лил Нес и Били Реј Сајрус.
Целосната листа со победници на Греми наградите можете да ја погледнете ТУКА.