Младите губат верба во политичарите, но се среќни

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Довербата на младите во клучни фигури како политичари и религиозни лидери нагло падна во последните пет години.

Довербата на младите во клучни фигури како политичари и религиозни лидери нагло падна во последните пет години, но тие остануваат во голема мера среќни, станува јасно  во глобалното истражување. Viacom, американската медиумска компанија, ориентирана кон младински канали како MTV и Nickelodeon, како и холивудското студио Paramount, спроведоа онлајн анкета меѓу 28 600 лица во 30 големи држави за широк спектар на мислења. Во времиња на бурна политика и верски конфликти, само 10% проценти од испитаниците се опишуваат како верни на верските лидери, а само 2% проценти тврдат дека ги  поддржуваат политичарите на нивните држави.

По последното истражување во 2012 година довербата кон верските лидери е намалено за 33 процентни поени, а до политичарите – со 25 отсто меѓу луѓето на 30 и помалку години. Студијата, наречено “The Next Normal”, покажа дека процентот на луѓето кои изјавиле дека се среќни како целина, останува речиси непроменета на 76%.

“Големиот заклучок, кој излегува од ова е дека човекот е многу отпорно суштество”, рече Христијан Курц, постар заменик претседател на Viacom за глобални кориснички стратегии. Предводени да одредуваат среќа , повеќето луѓе го посочуваат поминатото време со семејството и пријателите. Курц посочи дека чувствува промена на ставовите, како последица на светската економска криза со која многу луѓе се чувствуваат немоќни.

Истражувањето нуди и чудни Усознаија  за музичката култура. Излегува дека ¾ од младите Индијци танцуваат сами во своите соби, Студијата покажа дека три четвртини од Индијците велат дека од време на време си танцуваат сами во своите соби со музика, додека за Јапонците овој процент е 27. / АФП