Младите спортисти ќе играат во своите првенства без ковид-сертификат

од Nikola Popovski

Владата на Македонија денеска објави дека комисијата за заразни болести го прифатила барањето на Агенцијата за млади и спорт (АМС) за да се дозволи организирање и учество во младинските категории без сертификати за вакцинација, со напомена дека останува на сила препораката за имунизација од ковид-19 на сите над 12-годишна возраст.

„На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму“, стои во објавата на владата.

Младинските категории не можеа да стартуваат токму поради проблемите околу вакцинацијата, па младите таленти веќе загубија повеќе од два месеци околу овој проблем со играње на натпреварувачки мечеви како основа за развој на кариерата на секој во било кој спорт.

Слични содржини