ММФ ја предупреди Европа да не објавува предвреме победа над инфлацијата

од Vladimir Zorba

Европската централна банка и другите креатори на монетарната политика ширум Европа треба да ги задржат каматните стапки на сегашното, покачено ниво додека не се уверат дека инфлацијата е под контрола, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд, предупредувајќи дека не е добро „прерано да се слави“ бидејќи инфлацијата, по врвот, опаѓа.

ММФ со седиште во Вашингтон процени дека цената на потценувањето на опстојувањето на инфлацијата може да биде болно висока и да резултира со уште еден болен круг на инфлација, што би можело да ја лиши економијата од голем дел од нејзиниот раст.

Европската централна банка, Банката на Англија и другите централни банки, кои не се дел од еврозоната, „достигнаа врв со каматните стапки, додека некои почнаа да ги намалуваат референтните стапки“, рече ММФ во својата два годишна проценка на економските изгледи за Европа.

„Сепак“, се наведува во документот, „се уште е неопходен продолжен рестриктивен став за да се обезбеди враќање на целната стапка на инфлација“.

Историски гледано, потребни се во просек три години за инфлацијата да се врати на пониски нивоа, додека некои антиинфлаторни мерки траат подолго, соопшти ММФ.

Инфлацијата во еврозоната достигна врв од 10,6 отсто во октомври 2022 година и сега е на 2,9 отсто, пренесува Бета.

Слични содржини