ММФ: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Вештачката интелигенција ќе влијае на речиси 40 отсто од работните места ширум светот, заменувајќи некои и дополнувајќи други, така што е потребна внимателно избалансирана политика за да се искористи нејзиниот потенцијал, оцени директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа на блогот на ММФ напиша дека сме на работ на технолошка револуција која би можела да ја зголеми продуктивноста, да го поттикне глобалниот раст и да ги зголеми приходите ширум светот, но посочи дека вештачката интелигенција може да ги замени и работните места и да ја продлабочи нееднаквоста.

Георгиева посочува дека ќе треба да се смисли сет на политики за безбедно да се искористи огромниот потенцијал на вештачката интелигенција за доброто на човештвото.

Слични содржини