Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, од Министерството за надворешни работи (МНР) информираа дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос.
Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.
„Уште еднаш упатуваме апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја“, сопштија од МНР.
За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.