МО на Русија: Во нападот на Крамторск убиени двајца украински генерали

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Русија тврди дека двајца украински генерали, до 50 офицери на вооружените сили на Украина, како и до 20 странски платеници и воени советници биле убиени во високопрецизен напад на руската армија врз Краматорск, кој беше спроведена на 27 јуни.

Како што се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана, нападот бил извршен врз точката на привремено распоредување на 56-та моторизирана пешадиска бригада на вооружените сили на Украина, а офицерите кои загинале учествувале на состанок на штабот, пренесува РИА Новости.

Украинските служби за итни случаи денеска соопштија дека бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз ресторан во градот Краматорск во источна Украина се искачи на 12, откако уште едно тело беше извлечено од урнатините.

Слични содржини