Моден двобој: Храбар избор на Меган, Кејт игра на сигурно (ФОТО)

од Elena Daskalova
399 прегледи

На прославата на Денот на Комонвелтот, се појавија и принцот Вилијам со војвотката Кејт, како и принцот Хари и Меган Маркл.

Она што беше очигледно е дека и двете се потрудиле да бидат забележливи, избирајќи модни комбинации во силни бои. Во текот на церемонијата никој не го спомнал скорото завршување на кралските должности на Меган и Хари.

Кејт сме навикнати да ја гледаме во елегантни и смирени тонови, но овојпат таа избра да се појави во интензивно црвена комбинација, со модел на капут кој е препознатлив за неа.

Меган, пак, носеше зелен фустан со необична наметка во истата боја. И двете војвотки изгледот го надополнија со шешири.

Слични содржини