Моден гаф: Фустанот на Џенифер Лопез се распара (скина)

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Американската актерка и пејачка Џенифер Лопез се појави на церемонијата на “Изборот на публиката” (People’s Choice Awards) со црн фустан, но фотографите уловија како нејзината облека е рапарана под левиот ракав, пишува “OK!”

47-годишната славна ѕвезда беше со фистан од Рим Акра од претстојната колекција за 2017 година, но додека позираше пред фотографите на црвениот тепих, некои од рабовите на ракавот се разшија.

Модниот гаф веднаш беше фатен од фоторепортери, кога актерката ја доби и награда. На церемонијата во Лос Анџелес, Лопез победи во номинација “Омилена актерка во криминална телевизиска серија”. Наградата и е за учеството во “Нијанси сини” за улогата на Харли Сантос.

Најдобар актер стана Рајан Рејнолдс. За најдобра анимација беше доделена “Во потрага по Дури” на Pixar.