Модни совети од Карл Лагерфелд

од Vladimir Zorba

Во светот на модата тој е олицетворение на стил и класа. Моделите кои ги создава, ја претвораат жената во модна икона. Маестро Карл Лагерфелд  секогаш буди восхит, непоколеблив е во изјавите и севкупниот талент во создавањето на класици во модата.Неговото кажано , кога и да е, е   забележано и се прераскажува.
Запознајте се со 4 совети од познатиот дизајнер, кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате стилски.

Љубете ја едноставноста
Современата мода често ни ја наметнува идејата за многуслојност на имиџот, изграден од раскошни додатоци, флексибилни дезени, светли бои. Сето ова е со цел да се разликувате од масата луѓе. Сепак не се ретки случаите во кои гледаме идентични визии, следејќи ги модните трендови.
Има нешто што никогаш не излегува од мода, но секогаш нè прави извонреден – чистите модели. Црн фустан, тесни фармерки, кои потенцираат секси фигура во комбинација со маичка. Тоа се класичните засилувања за секој гардеробер кои секогаш го решаваат прашањето “Што да облечам?” .

Бидете внимателни со шминката
Карл Лагерфелд секогаш преферирал природна убавина. Ако се обрне внимание на претставувањето на неговите збирки, шминката на моделите секогаш е деликатна, која го нагласува расположението на облеката и темата во која се создадени. Недостасува непотребно нанесување слоеви, е видливо е потенцирањето на природната убавина.

Љубете го црното
Нема колекција создадена од Лагерфелд за модната куќа Chanel, во која не присуствува модел во црно. Според дизајнерот ова е најсекси бојата во целата палета на бои. Обрнете внимание и на неговата облека, тоа речиси секогаш има црно со благ бел акцент.

Обрнете внимание на својата фигура
Повеќето модни куќи ги создаваат колекциите за дами со елегантна фигура. Самиот Лагерфелд успеа да се раздели со вишокот килограми пред неколку години и вели дека се чувствува многу подобро. Според него жените треба да изберат или швајцарско сирење, или облека во мала големина.

Нашата сексуалност се крие и во нашето емитување, што е резултат на напорите што ги вложуваме за своето тело. Затоа секој треба да ги најде идеалните пропорции во кои ќе се чувствува и изгледа елегантно.

Слични содржини