Еден од главните фудбалери на Реал Мадрид, Лука Модриќ претрпе успешна артроскопија во неделата наутро.

Од левото колено на Хрватот беше извадено парченце од рскавицата.
Интервенцијата беше извршена од докторите во клиника “Санитас” во Мадрид, под надзор на лекарскиот штаб на Реал Мадрид.
Уште од утре започнува закрепнувањето на Модриќ.
Се очекува рехабилитација да трае еден месец.