МАУРО ИКАРДИ изненади со објава на неговиот Инстаграм во која ја навреди Ванда Нара, неговата партнерка и менаџерка.
Фудбалерот на ПСЖ сподели фотографија од заедничка дружба во природа и ја шокира јавноста со описот кој стана хит на Интернет за многу кратко време.
„Моето куче и мојата кучка“, напиша Икарди во описот на фотографијата и непријатно изненади голем број обожаватели кои го осудија. Се огласи и Ванда која само кратко напиша: „Колку смешно“.
Mauro Icardi with quite the Instagram: “My (male) dog & my (female) dog.”
Wanda in the comments: “How funny.” pic.twitter.com/OWCYgT2S4J
— Get French Football News (@GFFN) March 31, 2021
Аргентинскиот напаѓач кратко потоа го избриша објавата, но не се извлече. Интернетот памти, а исто така и Ванда.