Европскиот начин на постигнување мир и безбедност подразбора нивно оставрување само преку помирување и надминување на старите конфликти и рани, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Говорајќи на конференцијата „Состојба на Унијата 2018“ во италијанскиот град Фиренца, Могерини нагласи дека денес светот се наоќа во „состојба на хаос, при што конфликтите и конфронтациите преовладуваат над разумот“.
– Кога работите не одат добро, најпотребни се рационалност, смиреност, почитување и разум, со цел да се избегнат најлошите сценарија, да се спречи конфликтите да излезат од контрола и да опстојуваат тензиите и да се зачува тоа што е функционално и што дава резултати, како што е случајот со иранската нуклеарна програма. нагласи Могерини.
Таа оцени дека основна карактеристика на денешницата се навредите, заканите и систематското уништување на воспоставеното.
– Суштина на промените не е уништување на старото, туку изградба на новото, истакна шефицата на европската диплоамтија.
Таа потсети дека до пред само две години ЕУ беше во длабока криза, во услови кога многумина сметаат дека истапувањето на Велика Британија ќе значи и крај на Унијата.
– Минатата година на одбележањето на 60-годишнината од создавањето на ЕУ, 27 нејзини земји членки се заложија за зачувување на Унијата како единствен начин за ефикасно и силно остварување на националните интереси во современиот свет, оцени Могерини.
Според неа, денес ЕУ иако е зајакната, таа се уште се соочува со многу предизвици.
– Затоа секој граѓанина на Европа треба да инвестира во ЕУ како најмоќно средство на заедничкиот сиверенитет, порача Могерини во обраќањето во Фиренца./МИА