Мојсоски: Не може никој да ме убеди дека претседател или премиер не може да ги испрати спортистите на ЕП

од Берта Китинска
427 прегледи

Незаконски е да се вметнува друга боја во дресот на репрезентацијата. Самата федерација ги одредува боите и не е важно кој е претседател на ФФМ, важно е дека законот не се почитува, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додава дека се надева дека првите луѓе во државата ќе најдат решение за да ги испратат фудбалските херои.

-Премиерот вчера рече дека ова што се случува во ФФМ не е добро за никого, а ни за фудбалерите. Тој балон систем што го споменуваат не вели дека фудбалерите не смеат да се видат со Претседателот и премиерот за да им посакаат среќа. Ова не е во ред и се надевам дека ќе се најде решение првите луѓе во државата да ги испратат овие херои, спортистите се амбасадори на Македонија. Иницијативата дојде од фудбалерите, стручниот штаб, средбата да се случи на стадионот, со дистанца, на отворено. Премиерот би посакал среќа и ништо повеќе, но видовме дека можело и тоа да се забрани, мислам дека не даваме добра слика во јавноста. Не може никој да ме убеди дека Претседател или премиер не може да ги испрати спортистите на ЕП,  вели Мојсоски.

Слични содржини