Моќниот Ford GT продаден за 1,8 милиони долари, произведувачот го истражува случајот

од desk2
86 прегледи

На една јавна аукција неодамна е продаден моќниот Ford GT за 1.815.000 долари, што е четири пати повеќе од основната цена на овој суперавтомобил.

Проблемот е во тоа што оригиналните сопственици на овој модел, од ограничената серија од 2017 година, при купување на автомобилот потпишале договор со Ford дека не смеат да го продаваат во првите две години.

Тоа минатата година го направи легендарниот кечер и актер Џон Сена набргу откако го купи, па Ford го тужеше поради кршење на условите во договорот.

Сена одговори со контра тужба, па овој процес се уште се развлекува по американските судови. Меѓутоа, минатата недела во Индијанаполис на аукција продаден е уште еден GT, па Ford ја истражува и оваа ситуација.

Во прашање е автомобилот со сериски број 48 од 250 произведени единици во 2017 година, а има поминато само седум километри.

Автомобилот е со сребрена боја со црни линии и темен ентериер.

Сите Ford GT суперавтомобили имаат 3,5 литарски V6 битурбополнач агрегат со седумстепен автоматик, а располагаат со 656 коњски сили.

Основната цена на овој суперавтомобил изнесуваше околу 450.000 долари.