Молдавија ги негира руските обвинувања дека Украина трупа војници во Придњестровје

од Vladimir Zorba

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека секоја закана за нејзините мировни сили во отцепениот молдавски регион Придњестровје ќе се смета за директен напад врз Русија, откако ја обвини Украина за масовно трупање војници во близина на границата на регионот, тврдење што официјална Молдавија набргу потоа го отфрли како невистинито.

„Ги предупредуваме САД, земјите-членки на НАТО и нивните украински штитеници да не преземаат непромислен чекор“, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

Министерството за одбрана на Молдавија ги отфрли тврдењата на Русија за трупање украински војници.

Слични содржини