Молдавија ја продолжи вонредната состојба за 60 дена поради војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Парламентот на Молдавија гласаше за продолжување на вонредната состојба за уште 60 дена, откако владата рече дека сè уште ѝ се потребни посебни овластувања за да се справи со последиците од руската инвазија на Украина.

Обраќајќи им се на пратениците, кои гласаа за продолжување на вонредната состојба во четвртокот, молдавската премиерка Наталија Гаврилица рече дека постојат континуирани ризици за енергетската и граничната безбедност и укажа на потребата да се управува со протокот на бегалци од Украина.

„Ризиците за Молдавија поради војната во Украина се уште се високи. На владата ѝ се потребни дополнителни овластувања“, наведува премиерката на Молдавија.

Слични содржини