Молдавија повика на повлекување на руската армија од Придњестровје

од Vladimir Zorba

Молдавија со помош на ОН бара повлекување на руската армија од територијата на Придњестровје, бидејќи сака да се најде мирно решение за конфликтот, изјави молдавската премиерка Наталија Гаврилица.

„Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија на Придњестровје и да го привлече вниманието на кршењето на човековите права во регионот, кои се под контрола на непризнаен режим“, рече Гаврилица на брифингот во понеделникот.

Според неа, Кишињев сака да најде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани, пренесе РИА Новости.

Слични содржини