Молдавија: Статус на кандидат во ЕУ ​​не треба да ѝ се даде само на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Молдавија има „историска“ можност да се приклучи на Европската унија и сите проекти што ја приближуваат земјата до ЕУ не смеат да го заменат патот кон полноправно членство, изјави денеска премиерката Наталија Гаврилита, додавајќи дека кандидатски статус не треба да се додели само на Украина.

„Ројтерс“ наведува дека оваа земја ги забрзала напорите за влез во ЕУ поради страв дека може да биде вовлечена во конфликтот во Украина.

Премиерот на Молдавија изјави дека владата на таа земја цврсто верува дека членството во ЕУ е нешто што носи мир, стабилност и напредок, како и дека Кишињев сака да биде дел од слободниот свет и европското семејство.

Слични содржини