Се чека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, уште еднаш да ја преиспита својата одлука и да го додели мандатот на парламентарното мнозинство кое му испорача 67 пратенички потписи. Тоа е најдобрата варијанта согласно Уставот на РМ и демократските принципи на времето во кое живееме. 
Од партиите на мнозинството не го откриваат следниот чекор, бидејќи уште даваат шанса Иванов да го даде мандатот. Она што е сигурно е дека партиите на парламентарното мнозинство водат интензивни разговори за тоа како да се откачат заглавените демократски процеси.
Првин претседател на парламент
Претседателот на СДСМ Зоран Заев тоа не го крие дека се разработуваат повеќе планови, а вчера за БХ радио 1 изјави и дека ќе направат обид оваа недела барем да изберат претседател на парламентот, а за другото ќе се договараат подоцна.
Нема пречка да одржат седница и да се избере претседател на Собранието, тоа пак го закочи распишувањето на локалните избори, но никој не може да претпостави како се тоа ќе движи, она што е сигурно дека мора да се откочуваат еден по еден заглавените процеси, велат од СДСМ.
Ако претседателот Иванов не ја отповика одлуката и не го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, партиите кои го сочинуваат мнозинството имаат резервни планови , со кои според уставни и законски решенија мора да ги продолжат демократските процеси. Ова деновиве го најави лидерот на СДСМ, потенцирајќи дека работните групи на партиите водат разговори и за сите прашања околу состав на новата влада.
Засега не откриваат што предвидуваат тие планови, бидејќи се уште чекаат на Иванов да го даде мандатот за состав на влада.
Предупедупредувачки реакции
Во меѓувреме пристигнуваат се поостри реакции од Брисел и меѓународната јавност. Последната е доста загрижувачка. Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини во известувањето на шефовите на дипломатиите на Унијата за минатонеделната посета на Западен Балкан.
„Мојот најголем страв е институционалната и политичката криза да не прерасне во меѓуетничка, рече Могерини и посочи дека основната порака која им ја пренела на политичарите при нејзината посета на Македонија на 2 март била – Не се играјте со оган, тоа ќе ја руинира земјата и најверојатно ќе се прошири надвор од нејзините граници.
Според неа има инструменти за надминување на кризата, тоа се пред сè мудроста на претседателот Ѓорге Иванов и капацитетот да се избере претседател на Собранието, Могерини верува дека ситуацијата може да се реши со инструментите кои Скопје ги има, без мешање, но дека е нормално пријателите да изразат загриженост.
Високата претставнички ги информираше министрите за нејзината посета на земјите од Западен Балкан, а според учесниците најголем дел од состанокот бил посветен на Босна и на Македонија. Од оваа средна нема пишан заклучок. Тој треба да биде донесен на средбата во четврток кога се среќаваат премиерите и претседателите на земјите членки.
Благодарам соседи, не не бранете
Од друга страна не запираат и лажните вести и текстови од режирани настани и нарачани анализи од соседна Бугарија, Србија,Албанија и Косово, дека Македонија е готово и речиси се распаѓа. Се организираат палења свеќи пред амбасади, па протести, секојдневни анализи дека во Македонија само што не почнала војна и меѓуетнички судири и дека таа се распаѓа заради „туѓи платформи“- позната конструкција нели. Тука секако доста помагаат нарачани платени текстови од домашните структури и секако платени и за геоплитичките интереси кои се пробиваат преку медиумите , особено во Србија и Бугарија.
Експертската јавност тоа го дефинира како класична специјална војна за дигање на тензиите во државата, кои водат кон долевање бензин на и онака запалената атмосфера, се со цел предизвикување на меѓуетники тензии, судири во Македонија, како и регионални потреси и интереси на кои отворено предупредува Брисел.
Ад
