Момче плаче бидејќи нема пари за патики. Потоа доаѓа Шек…(ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На социјалните мрежи кружи видео на кое Шекил О’Нил покажува зошто е еден од најомилените кошаркарски великани. Видел момче како плаче во продавница за спортска опрема. Тој му пришол и го прашал зошто е тажен, а детето му одговорило дека не може да купи патики.

На ова Шек му рекол да оди со него во обиколка на продавницата за да избере што сака и дека ќе му го купи.

Ова со ентузијазам го снимила мајката на шестгодишното дете, која открила дека легендата на нејзиниот син му купил два пара патики и јакна.

Слични содржини